Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади врз пописот, дури од Русија

t

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател, со што сме на мета на сајбер-напади, но такви напади ние имаме откако почнавме со пристапниот процес во НАТО. Имаше многу напади, дури и во последниот месец“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека најважно е тоа што државните институции изградиле механизми кои создаваат отпорност од вакви напади и дека државата успешно ги гради капацитетите.

„Најголемиот предизвик во сајбер-безбедноста се човечките ресурси, но ние имаме навистина добри експерти во делот на компјутерски криминал и компјутерска форензика. Тие капацитети ги зголемуваме со подобрување на условите за работа“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека сајбер-напади имало и за време на одржувањето на пописот, но МВР и Телеком успешно ги одбиле и ниту еден од тие напади не направил посериозен проблем и не уништил податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп размислува за нови напади – Иран…

САД се на прагот на еден од…

Најмалку седум лица загинаа во нови руски…

Најмалку седум лица загинаа во нови руски…

Иранската војска вети „разорни“ напади врз САД…

Иранската војска во четвртокот вети дека ќе…

Иран утрово повторно нападна неколку земји од…

Земјите од Персискиот Залив објавија дека ноќеска…

Израел: Се намалува бројот на ирански напади,…

Според израелската војска, стапката на ирански ракетни…