Спасовски: Честит 28 Ноември, Денот на албанското знаме! Со Албанија имаме блиски пријателски односи
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на покана на амбасадорот на Република Албанија присуствуваше на прославата на Денот на албанското знаме.
– Со задоволство одговорив на поканата од страна на амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река, да присуствувам на приемот по повод националниот празник на Албанија 28 Ноември – Ден на албанското знаме и 110-годишнината од независноста на Албанија.
Со Република Албанија имаме блиски пријателски односи, кои беа потврдени и на неодамнешната заедничка меѓувладина седница во Скопје, а на која беа потпишани низа договори, меморандуми за унапредување на соработката помеѓу двете земји, со цел подобар животен стандард на граѓаните од нашите две соседни земји.
Нека нашата заедничка определба за евроатлантска интеграција биде единствениот патоказ за напредок кон подобри перспективи за сите наши граѓани.
Честит 28 Ноември, Денот на албанското знаме! – напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…