„Спејс Икс“ испраќа екипаж за истражување на половите на Земјата
Компанијата „Спејс Икс“ ја најави првата мисија со екипаж, која има за цел да ги истражува досега неистражените територии на нашата планета, нејзините поларни региони.
Иако минатите мисии со екипаж орбитираа околу Земјата на средни ширини, мисијата Fram2 ќе направи пробив и ќе лета директно над Северниот и Јужниот Пол.
Екипажот ќе се состои од четири члена и ќе патува со вселенското летало Драгон.
„Ракетата Falcon 9 ќе биде лансирана како дел од шестата комерцијална астронаутска мисија на вселенското летало Dragon. Fram2 ќе стане првата мисија за човечко вселенски летови што ќе ја истражува Земјата од поларната орбита и ќе го направи првиот лет над поларните региони на нашата планета“, соопшти „Спејс Икс“.
Името Fram2 му оддава почит на норвешкиот брод кој влезе во историјата со тоа што стигна до Арктикот и Антарктикот помеѓу 1893 и 1912 година.
Првиот екипаж ќе се качи на својата мисија оваа година, а ќе биде сместен во вселенското летало SpaceX Crew Dragon поставено на ракета Falcon 9.
Лансирањето ќе се изврши од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.
Мисијата ќе трае три до пет дена, а астронаутите ќе ја користат проѕирната купола на вселенското летало Драгон за да ги набљудуваат поларните региони од височина од 425 до 450 километри.
Екипажот на мисијата Fram2 се состои од Чун Ванг, Јаник Микелсен, Ерик Филипс и Рабеа Рог. Командант на мисијата ќе биде Ванг, бизнисмен со биткоини од Малта, а за сите членови на екипажот ова ќе биде прво патување во вселената.
Досега ниту еден човек не ја набљудувал Земјата од поларната орбита, која се наоѓа директно над Северниот и Јужниот Пол.
За разлика од вселенските летала со екипаж, сателитите дизајнирани за шпионажа, следење на времето и комерцијална фотографија ги претпочитаат овие орбити бидејќи обезбедуваат глобална покриеност.
За време на мисијата, екипажот ќе прави фотографии од поларната светлина, а ова е и можност да се спроведат важни истражувања за човечкото тело во вселената, вклучувајќи го и првото рендгенско снимање на човек во орбитата. Овие сознанија ќе бидат од клучно значење за идните долготрајни вселенски мисии. Исто така, мисијата ќе се фокусира на разбирање на импликациите во однесувањето на вселенските летови.
„Спејс Икс“ исто така планира да ја лансира мисијата Polaris Dawn, која е закажана за 26 август. Во оваа мисија целта е да се изврши првата комерцијална вселенска прошетка на надморска височина од околу 700 километри.
Програмата Поларис ја финансира милијардерот Џаред Исакман, кој е и командант.
Програмата Поларис е серија од три приватни вселенски мисии, а Polaris Dawn е првата од нив.
„Спејс Икс“ претходно лансираше пет приватни мисии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…
Државата и институциите на системот целосно затаиле…
Филипче ги повика партиите на создавање на…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конфереција…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…
Минатата недела пријавени 139 заболени од грип,…
Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)…
Затвореник од затвор се јавувал кај угостител…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија…