Споделете и донирајте! Потребни се средства за лекување на Тадеј!

Тадеј Ристевски е нашето храбро 7-годишно момче со аутизам, кое секој ден се бори со предизвиците .Борбата започна уште на тригодишна возраст со непрекината голгота по болниците и најразлични испитувања и терапии во нашата држава. Одржувањето на вниманието и концентрацијата му претставува секојдневна потешкотија во домот, во училиштето, со другарчињата на улица,а неговото отсуство на говор ја отежнува комуникацијата со сите. Но Тадеј не се откажува – ниту ние како негови родители. Со надеж во срцата, го однесовме Тадеј во реномираниот центар Atlantis во Белгија, каде што тој започна со специјализирани терапии за подобрување на говорот и концентрацијата. Веќе по кратко време видовме мали, но значајни резултати кои ни дадоа сила и верба дека нашиот син може да направи чекор напред. Благодариме од срце семејство Ристевски.
Буџет на кампањата
За жал, продолжувањето на терапиите во овој центар бара значителни финансиски средства од 20 000 евра, кои ние како семејство не можеме сами да ги обезбедиме. Затоа се обраќаме до сите вас, хуманите луѓе кои ја препознаваат важноста на секој мал чекор напред. Ваша помош ќе му овозможи на Тадеј да продолжи со третманите кои може да ја променат неговата иднина и да го отворат неговиот свет кон зборови и разбирање. Секој прилог, без оглед на износот, е огромна поддршка за нас и за Тадеј. Вашата добрина и солидарност ни даваат надеж дека нашето момче ќе ги победи предизвиците и еден ден самиот ќе ви се заблагодари. _______________________________________________________________________________________________ Донираме најбезбедно и најтранспарентно со картичка со притискање на копчето Поддржи ја кампањата на овој линк, и тоа од 100 до 6000 денари по картичка на ден.
Донаторскиот фонд на Фондацијата ИКРАУД можете да го поддржите во износ од 100 денари со повик на 143999 за корисниците на Телеком. Донираме и на банкарска сметка на Фондација Икрауд (молиме да се користи само за суми над 6000 денари): Име: Фондација Икрауд Сметка: 270078016610134 Банка: Халк Банка Опис: За Тадеј Шифра: 562
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клиниките во Софија и Варна подготвени да…
Бугарскиот премиер премиерот Росен Жељасков нареди целосна…
Споделете и донирајте! Потребни се средства за…
Тадеј Ристевски е нашето храбро 7-годишно момче…
Бајден: САД се приближуваат кон крајот на…
Рускиот претседател Владимир Путин „заработува“ со тоа…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…
Фајненшл Тајмс: Земјите на ЕУ го разгледуваат…
Со оглед на тоа што Унгарија е…