Спортистите веќе нема да учествуваат во рекламите за обложување
Министерот за за Спорт, Борко Ристовски денеска потпиша мемордам за соработка со Државната Видеолотарија на Македонија – Казинос Австрија.
Меморандумот значи взаемно разбирање меѓу двете страни со тоа што поранешни или сегашни спортисти повеќе нема да бидат директно користени за рекламирање на коцкањето и игрите на среќа.
„Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со промоција на вистинските вредности во спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка“, изјави министерот Ристовски.
Ристовски уште на почетокот на доаѓањето на функцијата најави дека ќе се бори за прекинување на праксата спортисти да промовираат игри на среќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спортистите веќе нема да учествуваат во рекламите…
Министерот за за Спорт, Борко Ристовски денеска потпиша мемордам…
Ристовски: Да се укине државната помош за…
Да им биде прекината помошта што ја…
Јавен повик за доделување стипендии на спортисти…
Град Скопје, денеска во дневните весници Слободен…