Ристовски: Да се укине државната помош за спортисти кои рекламираат казина и обложувалници

t

Да им биде прекината помошта што ја земаат од државата спортистите кои рекламираат казина и обложувалници, затоа што е недостојно за кој било спортист да го прави тоа, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за „Рес Публика“.

Појавувањето на истакнати македонски спортисти во рекламни кампањи на обложувалниците и казината предизвика жестоки реакции во јавноста, а Ристовски вели дека е „доволно“ и дека е потребно да се воведе ред.

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“, вели министерот Борко Ристовски во интервјуто за „Рес Публика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…