Спречена блокада на американската влада
Американските пратеници во последен момент усвоија привремен нацрт-закон за финансирање за да не се блокира американската влад
Законот доцна синоќа го поддржаа и демократските и републикански пратеници, и го испратија на одобрување на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден непосредно пред крајниот рок на полноќ.
Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти ја предложи мерката за привремено финансирање, која беше усвоена од 335 пратеници, а 91 беа против.
Потоа, законот помина во Сенатот, каде мнозинството го сочинуваат демократите.
Планирано е администрацијата да се финансира со итни средства во наредните 45 дена, до 17 ноември.
Предлог-законот за привремено финансирање не вклучува помош за Украина, приоритет на Белата куќа на кој се спротивставуваат сè поголем број републиканци, но ја зголемува федералната помош за катастрофи за 16 милијарди долари, исполнувајќи едно од клучните барања на Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…