Објавено на:

СПРЕЧЕН ДРЖАВЕН УДАР ВО КИРГИСТАН: Уапсени повеќе од 30 лица кои сакале преку немири насилно преземање на власта

t

Во Киргистан се уапсени повеќе од 30 лица под обвинение дека сакале да организираат немири и државен удар, соопшти денеска тајната служба на оваа централноазиска република – ГКНБ.

„Државниот комитет за национална безбедност на Република Киргистан ги разби незаконските активности на група луѓе кои тајно се подготвуваа да организираат немири во земјата со цел насилно да ја преземат власта“, се наведува во соопштението, додавајќи дека веќе „признаа“ повеќе од 30 лица, кои вчера беа уапсени.

Лидерот на вонпарламентарната партија „Елдик Кенеш“ (Народен совет) е обвинет дека е мозокот на групата од повеќе од 100 лица и дека „организирал тајни состаноци на кои требало да се разговара за плановите за насилно преземање на власта“.

ГКНБ наведува дека споменатата група требала „наскоро да добие финансии од странство“.

На видеа објавени вчера во локалните медиуми се прикажани вооружени мажи како апсат поединци.

Синоќа официјалната новинска агенција Кабар потврди дека апсењата ги вршела тајната служба, без да даде дополнителни информации.

Од распадот на Советскиот Сојуз, во 1991 година, оваа поранешна советска република, која беше во сојуз со Русија и се приближуваше кон Кина, помина низ бројни политички кризи со три револуции (2005, 2010, 2020 година)

Апсењата беа извршени само неколку дена по посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Киргистан, при што претседателот на земјата Садир Жапаров даде уверување дека е подготвен за тесна соработка со Европската унија.

Иако земјата долго време ужива релативен медиумски и политички плурализам во регион каде слободата на медиумите останува ограничена, невладините организации укажуваат на зголемени притисоци врз медиумите и граѓанското општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…