Спречен нелегален транспорт на телиња во Дебар

t

На влез во Дебар при контрола на товарно возило со скопски таблички спречен е нелегален транспорт на животни без соодветна документација. Станува збор за 17 телиња на старост од осум до десет месеци со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, прилепско.

– Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ не отиде на меѓувладината…

Според фотографиите и преносот од пречекот на…

Спречен нелегален транспорт на телиња во Дебар

На влез во Дебар при контрола на…

Руски ракетен напад врз Одеса, осум загинати

Најмалку осум лица загинаа денеска во руски…

Одлуката на германскиот канцелар за (не)испорака на…

Германија останува на својата одлука да не…

Макрон: Верувам дека е јасно оти Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин „не сака мир“…