Спречен нелегален транспорт на телиња во Дебар
На влез во Дебар при контрола на товарно возило со скопски таблички спречен е нелегален транспорт на животни без соодветна документација. Станува збор за 17 телиња на старост од осум до десет месеци со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, прилепско.
– Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните, информираа денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекар најави штрајк со глад откако третпат…
Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски најави…
Карпа падна врз автобус со 90 ученици…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во…
Воз во Аргентина вози на сонце: Првата…
Сончевата светлина никогаш не недостига во високопланинските…
Хутите извршија напад врз Ријад, Саудиска Арабија…
Саудиска Арабија потврди дека јеменските Хути се…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…