Спречен шверц на ветеринарни лекови од Албанија на граничниот премин “Блато”

На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар спречен е шверц на ветеринарни лекови.
– На 27 јули 2022 година на граничниот премин Блато, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на ветеринарни лекови во Република Македонија информираа од Царинската управа.
Додаваат дека на влез на македонска територија државата се пријавил албански државјанин со иницијали Х.Х.(59), како возач на патничко моторно возило со албански регистарски таблички.
– При вршење на детална контрола на возилото од страна на царинскиот службеник, во просторот под предните седишта, во преградите на предните и задните врати и во просторот за документи пред совозачкото седиште, пронајдени се непријавени 20 парчиња спреј (по 200 милилитри) со ознака „Super Spray“, 10 шишиња (по 100 милилитри) средство со ознака „Penbex“, 10 кутии таблети со ознака „Exiptol“ и 1 парче – туба со ознака „Aloegel“, наведуваат од управата.
Откриената непријавена стока е привремено задржана, а против лицето Х.Х.Царинската управа почна соодветна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…