Објавено на:

Србин во Косово: Полицајци ме ставија меѓу два џипови и ме претепаа

t

Претседателот на здружението „Српски опстанок“, Александар Арсенијевиќ, тврди дека денеска бил претепан од припадници на специјалните единици на Косово, при инцидентот што се случил меѓу косовската полиција и насобраните граѓани. Како што сведочеше во изјавата за Коссев, нападот врз него е документиран на камерите лоцирани на општинската зграда. Тој апелира до меѓународната заедница „да го истражи овој инцидент и да не ја изгуби снимката “.

Арсенијевиќ наведува дека денеска отишол во општина Звечан на покана на граѓани.

„Ми се јавија граѓани, исплашени поради големото присуство на полициски единици, стоеја пред општината. Меѓу нив беше и мојата бремена сосетка Миљана, застанав до неа, стоев пред граѓаните и се обидов да остварам контакт со полицајците, за да нема инцидент. Ја информирав меѓународната заедница дека може да има ескалација двапати“.

Арсенијевиќ тврди дека пред инцидентот специјалците прво се повлекле и побарале да му дозволат на полицаецот кој бил во општината да излезе надвор.

„Излегов пред граѓаните, го извадив полицаецот надвор по барање на командирот на тие единици. И двата пати ветија дека нема да прават ништо. Третиот пат рекоа дека мора да се пробијат низ толпата и да влезат внатре“.

„Им реков, ве молам, има трудница тука, не го правете ова. Заминаа по наредба, го предупредив командирот дека дал збор дека ништо нема да се случи и ги предупредив полицајците дека и тоа се нивни државјани и да не дојде до инцидент“, рече Арсенијевиќ.

И покрај молбите, според сведочењето на Арсенијевиќ, припадниците на специјалната единица почнале да прскаат солзавец на растојание од 20 сантиметри од неговите очи.

„Бев дезориентиран, двајца полицајци ме влечеа кон своите џипови, ме ставија меѓу два автомобили и ме претепаа. Еден од полицајците го препознав, а го препознав и на видеата што подоцна ги видов во медиумите. Мислам дека предходно влезе со мене дури и во општинската зграда за да го извади полицаецот. Седокос, без кацига, со панцир и кратка кошула. Ја пцуеше мајка ми, ме нарече ‘ку*ва’, а како што гледате имам повреди предизвикани од удари по лицето. Во исто време ме тепаа по ребрата и стомакот“, рече тој.

Тој вели дека во метежот со навлечен капут преку глава се оддалечил, но и тврди дека „не побегнал од апсење“.

„Не побегнав од апсење, туку дезориентиран во облак солзавец, барав спас и парче воздух. „Во одреден момент еден од граѓаните, не знам ни како, ме однесе во болница, каде ми ги измија раните со пет литри солен раствор“, изјави Арсенијевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…