Србин крадел во Скопје, полицијата го уапсила

t

МВР информира дека вчера во 12.30 часот во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Ѓ.К.(41) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува Ѓ.К., при што биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ЕВР Аеродром и Драчево, против него ќе поднесе соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…