Објавено на:

Србите бесни: Украина ја призна “самопрогласената” република Косово?

t

Српските медиуми “збеснаа”, “Украина ја „призна“ самопрогласената држава Косово”?

Украинската фудбалска репрезентација во наредниот период ќе игра пријателски натпревари во дресови со знамињата на земјите кои ја поддржуваат, а меѓу нив е и знамето на самопрогласената држава Косово – која Украина официјално не ја признава. пишува Спутник Србија.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко, најави дека овие дресови ќе се користат само на подготвителни натпревари. На предната страна на дресот, заедно со грбот на Украина и логото на производителот на опрема, е залепен натписот „U24“ кој го најавува потенцијалниот влез на Украина во Европската унија.

Под таа налепница, државните граници на Украина се обоени и означени со знамињата на „државите кои ја поддржуваат Украина“ – таму е поставено знамето на Србија, но и знамето на Косово, што Украина официјално не го препознава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…