Објавено на:

Србите масовно купуваат сефови за чување на оружје

t

Во Белград речиси и да нема специјализирана продавница каде што може да се купи сигурносен сеф. Сите во моментов се распродадени. Списоците на чекање во некои продавници брои повеќе од 50 луѓе. Дневно се јавуваат повеќе од сто заинтересирани. Сите имаат ист одговор – се што беше достапно е продадено, јавуваат српските медиуи.

Имено по двата масакри во Србија и најавите на српското раководство дека државата ригорозно ќе се справува со нелегалното но и чувањето на легално оружје допринесе Србите да почнат да ги почитуваат законските одредби за чување на огнено оружје меѓу кои и онаа која наложува дека доколку поседувате било какво регистрирано оружје од типот на пиштол или пушка, покрај документите истото според закон наложува дека тоа треба да се чува во соодветен сеф.

Дозволата за носење оружје не значи целосно почитување на прописите, бидејќи законот го регулира и начинот на складирање на оружјето во куќата. Деновиве, во специјалните продавници за сефови во кои може да се чуваат пиштоли и пушки велат дека имаат листи на чекање бидејќи распродале се што имаат.

Немања Антиќ од продавницата за опрема претпоставува дека се продадени сите залихи, сите поповолни и поевтини модели на сефови за пиштоли и револвери.

Сите сме во слична ситуација, бидејќи побарувачката е многу голема“, додаде Антиќ за РТС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…