Србија ги прати во Косово посмртните останки на Фатон Хајризи
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи, кој беше ликвидиран кај Лозница откако претходно уби еден српски полицаец и рани друг, преку Мердар влегол во Косово ноќта меѓу четвртокот и петокот.
Адвокатот на семејството на Хајризи, Аријанит Кочи, рече дека го исполнил ветувањето да го донесе телото на Косово.
„Ветив дека ќе го донесам телото. Мисијата е добро остварена. Јас сум многу уморен. Телото е предадено на Институтот за судска медицина, на обвинителот и на косовската полиција. Сега продолжуваат со понатамошни процедури. Ќе има дополнителни истраги, тоа е одговорност на обвинителот. Сите документи што ги имав ги доставив до нашето обвинителство, во полиција, така што имавме одлична координација. Многу ни помогнаа Канцеларијата на Косово, министерот за надворешни работи и МНР“, рече Кочи.
Хајризи, кој побегна од косовски затвор на почетокот на јули, уби еден српски полицаец, а рани уште еден на 18 јули, недалеку од Лозница, откако патрола го запре на рутинска контрола.
Ден подоцна српската полиција го лоцирала, а потоа во пресметка го ликвидирала, со оглед на тоа што давал отпор при апсењето.
Во Косово првично изразија сомнеж дали навистина се работи за Фатон Хајризи, но неговиот идентитет беше потврден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…