Србија доби најсовремен систем за рано предупредување за нуклеарна несреќа

t

Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија (Србатом) денеска соопшти дека во Србија пристигнал најсовремениот систем за рано предупредување за нуклеарна или радиолошка несреќа.


Системот се состои од 33 мерни станици и ќе биде распореден на таков начин што ќе ја подобри покриеноста на целата територија на Србија, во согласност со постоечките ризици.
Како што се наведува, во тек се подготовките за нивно поставување со што ќе се подобри механизмот за навремено донесување соодветни мерки за заштита на населението и животната средина од штетното влијание на јонизирачкото зрачење.


Овие мерни станици се донација од Европската комисија, која се реализираше преку проект за подобрување на системот за рано предупредување за нуклеарна или радиолошка несреќа, во кој Србатом учествува од 2021 година.
Постојниот систем за рано предупредување за нуклеарна или радиолошка несреќа, во надлежност на Дирекцијата, беше воспоставен во 2007 година и досега се состоеше од мрежа од девет мерни станици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…