Србија е единствената земја во регионот која го зголеми производството на овчо и козјо месо

t

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, популацијата на ситни преживари (овци и кози) во земјите од Западен Балкан се намалува во претходните години, а драстично намалување е забележано меѓу 2018 и 2022 година.

Сепак, податоците на ФАО покажуваат и дека Србија е единствената земја во регионот која го зголемила производството на месо од ситни преживари во претходните 15 години.

Богдан Цекиќ, истражувач во Одделот за истражување и развој во областа на овчарството и козарството при Сточарскиот институт на Србија, вели дека не може да се знае точниот број на овци и кози во Србија, бидејќи станува збор за живи суштества и бројот се менува на дневна основа, но и дека бројот на кози бележи најдрастичен пад кога се во прашање домашните животни.

„Вкупниот број на кози во Србија, според официјалните податоци, е 149.558. Овој вид домашни животни бележи најдрастичен пад по бројност, така што во однос на 2018 година е утврден пад од 31,5 отсто. Од споменатиот број животни, најголем дел (61.250 грла) се одгледуваат на територијата на јужна и источна Србија. Ако сакаме да бидеме уште попрецизни, најмногу кози се забележани во Пчињскиот регион“, вели Цекиќ.
Тој посочува дека што се однесува до овчарството, официјалните податоци говорат за бројка од 1.702.682 грла.

„Најголем број овци се одгледуваат на територијата на Шумадија и западна Србија (1.039.046 грла), а уште попрецизно, најголем број овци е забележан во областа Златибор, која ја опфаќа висорамнината Пестер како традиционално упориште на овчарството. Овчарството е гранка на сточарството во Република Србија каде е утврдено најмало намалување на бројот на животни, бидејќи во однос на споменатата 2018 година, намалувањето е околу пет проценти“, истакна Чекиќ.

Според податоците на компанијата за кредитен рејтинг Компани Вол, во Србија се регистрирани 74 компании кои се занимаваат со овчарство и козарство, а меѓу нив, според приходите во 2022 година, најуспешна била компанијата од Сремска Митровица – фармата Вахали.

Фармата Вахали се наоѓа во Засавица и иако оваа компанија остварила приходи од 27.781.000 динари во 2022 година, тоа не и помогнало да забележи профит, па работела во минус (-7.513.000 динари).

Најголема добивка во 2022 година остварила Задругата Романовски Пастир од Крагуевац (2.475.000 динари), а следна на листата е Агро фармата Вучиќ од Рача со добивка од 978.000 динари.

Меѓу најуспешните по профит се компаниите Дубиње 2021 (358.000 динари), Алпино продукт (157.000 динари) и Задруга Точи (98.000 динари).

Исто така, податоците на CompanyWall укажуваат дека голем број компании од оваа индустрија ја завршиле 2022 година без профит, па дури и работеле во минус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…