Србија е против независност на Тајван, ја поддржува политиката „една Кина“
Српското министерство за надворешни работи, по повод претседателските избори во Тајван, соопшти дека ја поддржува политиката „една Кина“ и не ја поддржува независноста на Тајван, а владата во Пекинг смета дека е единствената легитимна влада на кинескиот народ.
„По повод изборите одржани во Тајван, ја користиме оваа прилика да истакнеме дека Србија, во согласност со нашата конзистентна политика и почитување на меѓународното право…ја поддржуваме политиката „една Кина“ и не ја признаваме државноста на Тајван, додека централната влада во Пекинг сметаме дека е единствената легитимна влада на кинескиот народ“, се вели во соопштението на српското МНР.
Меѓу другото се истакнува дека во целост го почитуваат територијалниот интегритет, суверенитет и единство на НР Кина и Тајван е составел дел.
„Од особена значајност за Србија се извонредните политички односи и соработка со НР Кина, кои се темелат на стратешко партнерство и челично пријателство помеѓу двата народа“, се вели во соопштението на српското МНР.
Реакции по изборите следеа од повеќе држави, меѓу кои и светските сили Кина, САД и Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…