Србија им забранува влез на хрватски новинари пред големиот протест во Белград

Хрватските новинари се соочуваат со забрани за влез во Србија во пресрет на големиот протест против режимот на Александар Вучиќ, кој е закажан за утре во Белград. Според извештаите на „Слободна Далмација“, српската полиција ја запрела нивната новинарска екипа на граница, ги раздвоила и им ги одзела документите. По утврдувањето на нивниот професионален ангажман, им било забрането да влезат во земјата, под образложение дека претставуваат безбедносен ризик.
Слична судбина доживеале и други хрватски новинари, кои биле вратени од границата за да не можат да известуваат за протестот. Меѓу нив е и хонорарната новинарка Ива Анзуловиќ, на која ѝ била врачена наредба за забрана за влез, во која се наведува дека постои „негативна проценка на безбедносниот ризик“.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Хрватска ги повика своите граѓани да ги одложат патувањата во Србија, поради најавените протести. Се препорачува да се избегнуваат собирните места, пристапните правци до нив, како и непотребно движење низ Белград во текот на протестот.
Хрватските власти предупредуваат дека за време на протестот ќе има прекини во сообраќајот, а полицијата ќе спроведува засилени безбедносни мерки. Исто така, посочуваат дека во случај на потреба, хрватските граѓани можат да се обратат до Амбасадата на Хрватска во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија им забранува влез на хрватски новинари…
Хрватските новинари се соочуваат со забрани за…
Студенти и граѓани го продолжуваат маршот кон…
Групи студенти и активисти, граѓани, просветни работници…
Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за…
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги…
Зградите на РТС и РТВ се уште…
Студентите кои синоќа околу 23 часот го…
Вучиќ разговарал со синот на Трамп: Разговарале…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговарал со…