Србија и Хрватска со највисока cмртнocт oд Bтoрaтa cвeтcкa вojнa

t

Во текот на минатата година во Хрвстска починале 63 611 лица, што е најголем број на смртни случаи во една година од крајот на Втората светска војна

Во текот на минатата година во Хрвстска починале 63 611 лица, што е најголем број на смртни случаи во една година од крајот на Втората светска војна. Лани биле родени 36 478 деца, што значи дека природниот прираст во Хрватска минатата година бил во минус за 27 133 лица, покажуваат податоците од хрватскиот Завод за статистика, пренесува Н1, а известува „Јутарњи лист“.

Според податоците од 2020 година, таа година имало 57 023 смртни случаи што е за 6 588 лица помалку од минатата година. Па така, и покрај зголемениот број на живородени деца, природниот прираст останал во минус. Лани биле родени 36 611 деца, што е за 633 деца повеќе од годината претходно, но природниот прираст останал намален за 5 955 лица.

Големата смртност и негативниот природен прираст во главно се должат на пандемијата предизвикана од коронавирусот, но вероајтно смртноста е зголемена и од други болести кои поради оптовареноста на здравствениот систем не се откриваат и третираат на време.

Најголема смртност од Втората светска војна бележи и Србија во текот на минатата година. Според официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика, во 2021 година во Србија се регистрирани 62 062 живородени и 135 901 починати лица, а негативниот природен прираст изнесува 73 839 и е еден од најголемите во последните неколку децении.

Србија лани поради негативниот природен прираст губеше по 202 жители секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…