Србија нема да учествува на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан
Денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски, нема да биде комплетен, бидејќи на него нема да присуствува претставник на Србија.
Ова синоќа го најави српскиот претседател Александар Вучиќ изјавувајќи дека првпат во последните 13 или 14 години, ниту тој, ниту кој било друг од Србија „нема да оди на таа меѓувладина конференција“.
– Западниот Балкан ќе биде без Република Србија, изјави Вучиќ, додавајќи дека таквата одлука е донесена со цел „никој друг да не биде виновен и српската Влада да не трпи никаков притисок“.
Вучиќ додаде дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери и дека им е „благодарен на многумина, дури и на оние кои секогаш критикуваат, иако не знаат што точно критикуваат“.
Одлуката за неучество на Србија на Самитот ЕУ-Западен Балкан следи откако земјите членки на Унијата вчера го потврдија ставот дека за отворање на Кластерот 3 од преговорите за членство, Белград треба да постигне понатамошен напредок во областа на владеењето на правото и во нормализацијата на односите со Приштина.
Србија во последен момент го откажа учеството и на синоќешниот настан „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, одржан во Брисел под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос на кој останатите земји од регионот ги претставија своите вина и традиционална храна, а според извори во ЕУ, има најави дека Белград би можел да се повлече и од европската иницијатива „Зелени ленти“, чија цел е забрзување на трговските и транспортните текови преку границите меѓу земјите од Западниот Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија нема да учествува на денешниот Самит…
Денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на…
Фон дер Лајен: Мора да ја финансираме…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Косово очекува наскоро да добие статус на…
Косовската претседателка Вјоса Османи учествува на самитот…
Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв…
ЕУ очекува делување, а не изговори од…
Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на…