Фон дер Лајен: Мора да ја финансираме Украина за да ја заштитиме Европа

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати итен повик до европските лидери да донесат одлука за долгорочен финансиски пакет за Украина на претстојниот самит на Европскиот совет во Брисел. Таа нагласи дека поддршката за Украина е клучна за безбедноста на Европа.

Фон дер Лајен предложи две можни опции за финансирање – преку користење на замрзнат руски имот или преку задолжување на ЕУ. „Мора да одлучиме по кој пат ќе тргнеме, нема простор за одолговлекување“, порача таа.

Според проценките, Украина ќе ѝ бидат потребни околу 137 милијарди евра за 2026 и 2027 година, а Европа треба да покрие две третини од оваа сума, односно околу 90 милијарди евра. Едно од најчувствителните прашања е пристапот до замрзнатиот руски имот, каде Белгија изразува правни загрижености.

„Европа мора да преземе целосна одговорност за сопствената безбедност. Поддршката на украинската одбрана е најважниот чин на европска одбрана во овој момент“, нагласи фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…