Србија одлучува за враќање на задолжителниот воен рок
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека во следните 20 дена ќе се знае одлуката за евентуално враќање на задолжителниот воен рок во Србија.
„Денеска водиме конечни разговори за евентуално отслужување на воениот рок. Очекувајте ја нашата одлука во следните 20 дена, што ќе се види веќе во расправата за буџетот. Кога ќе се направи ребалансот на 1, 5 или 10 октомври, се ќе се знае “, изјави Вучиќ за новинарите при обиколката на работите на патот Шабац-Лозница.
Зборувајќи за единицата на српската војска лоцирана во Лозница и воената вежба што ќе се одржи денеска, Вучиќ рече дека е изградена само половина од специјалната пешадиска единица, но ќе има и оклопен вод и некои други единици.
„Оние кои секогаш можат да интервенираат и да го добијат првиот удар се блиску до потенцијалните насоки на напад на агресор. Ќе видиме како ќе изгледа вежбата во Гучево. 4.000 австриски и српски војници од Првата светска војна се закопани во близина на местото каде што вежбата се држи“, рече Вучиќ.
Тој рече дека денеска ќе разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц за, како што рече, темите за кои разговарале минатиот пат, но и за регионални теми.
„Тоа е многу важен разговор за нас. Задоволен сум што можам да разговарам за тоа и ќе имам време одвоено за тој разговор, а потоа побрзам за Гучево“, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија одлучува за враќање на задолжителниот воен…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави…
Николоски: Мaкедoнија и Србија одржуваат доста блиски…
Делегација на Владата во состав заменик претседателот…
Вучиќ на средба со Лајчак: Побарав реакција…
Српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со…
Рот: Ова не е моја Европа
Германскиот политичар Михаел Рот не е задоволен…
Косовските специјалци влегоа во преостанатите општински институции…
Припадниците на косовската полиција од северниот регион,…