Србија очекува да биде најпривлечна за работниците од Македонија и Албанија
Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од утре, 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Македонија и Албанија.
-Утре е 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали.
Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.
-Имајќи го предвид нивото на платите, нивото на развој и нивото на БДП, нескромно очекуваме дека најголемиот број луѓе ќе го најдат своето решение и желба да работат во Србија, рече Мали.
За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски.
Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.
Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан прену нивниот национален портал за електронкса управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…