Србија под притисок за признавање на Косово: Брисел работи на организирање средба Вучиќ – Курти
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека Брисел работи на организирање состанок на претставници на двете страни на највисоко политичко ниво.
Лајчак, кој присуствува на Форумот во Преспа, во интервју за ТВ21 додаде дека очекува средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти да се одржи „наскоро – пред летните одмори“, пренесува Танјуг. Тој изјави дека сега се работи на имплементација на претходно постигнатите договори кои имаат за цел да ги решат актуелните проблеми и да ги обликуваат идните односи меѓу Белград и Приштина.
„Другото на кое работиме е решавање на актуелните прашања, како што е проблемот со регистарските таблички, кој предизвика сериозна криза во септември. Сакаме да се погрижиме да нема тензии што никому не му требаат. Третата и најважна работа е обликување на идните односи меѓу Србија и Косово и нивна нормализација“, истакна Лајчак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…
Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…
Стејт департмент: Сите тврдења за мешање на…
Американскиот Стејт департмент објави дека секое тврдење…
Вулин: Србија има политичка поддршка од Русија,…
Србија ја има политичката поддршка од Русија…
Црвен метео аларм во цела Србија поради…
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во Србија…
Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска…
Косовската полиција објави дека денеска во Бањска…