Србија ќе има најмодерна заштита од град и временски непогоди: Во Македонија не се добројуваат штетите на земјоделците
Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати нанесоа огромни штети, пред се на земјоделските култури низ Србија, а причинетата штета се мери во милиони динари. Премиерката Ана Брнабиќ која денеска беше во посета на Овчар Бања изјави дека Република Србија ја подобрува противградобијната заштита, но и дека соработува со регионот по тоа прашање.
„Правиме автоматска противградна заштита. Автоматски, најсовремени станици. Тоа ќе го завршиме во следните неколку години. Онаму каде што имаме автоматска градобијна заштита, имаме многу добри резултати. Дополнително, она што го правиме се обидуваме да го решиме овој проблем во соработка со регионот. Затоа што понекогаш е доцна да се делува само од Србија. Истото го правиме и со Република Српска. Со наши средства таму ќе изградиме автоматска противградна заштита и радарски центри и радарски станици. Значи, тоа ќе ја подобри и нашата заштита, овде на територијата на Република Србија, и на нашите овоштари и земјоделци“, рече премиерот, пренесува Танјуг.
Таа спомена и друг вид на заштита преку субвенционирање на противградни мрежи и друга заштитна опрема, за што средствата се зголемуваат секоја година, а нагласи дека и Владата и Министерството ги субвенционираат земјоделците кои сакаат да го осигураат својот род.
„Ќе продолжиме да субвенционираме опрема, да инвестираме во радарски центри и автоматска противградна заштита. Онаму каде што имало штети, ќе формираме комисии на ниво на локална самоуправа, да ги наброиме сите штети. Потоа преку владината канцеларија за управување со јавни инвестиции ќе ја санираме таа штета и ќе ги обесштетиме луѓето“, заклучи премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…