Средба Ковачевски Мицотакис денеска во Атина: Главна тема енергетиката

t

Премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, на нивната денешна средба во Атина се очекува да разгоараат за енергетиката и енергетската стабилност во регионот , јави дописничката на МИА.

Владина делегација на Македонија предводена од премиерот денеска е во работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата истакна дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.

-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите  соседи и со Република Северна Македонија со предуслов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја им има  енергетски помогнато на земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на МИА.

Средбата на Ковачевски и Мицотакис е закажана за 12 часот по локално време во премиерската палата во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…