Средба Ковачевски Мицотакис денеска во Атина: Главна тема енергетиката
Премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, на нивната денешна средба во Атина се очекува да разгоараат за енергетиката и енергетската стабилност во регионот , јави дописничката на МИА.
Владина делегација на Македонија предводена од премиерот денеска е во работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.
На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата истакна дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.
-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија со предуслов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја им има енергетски помогнато на земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на МИА.
Средбата на Ковачевски и Мицотакис е закажана за 12 часот по локално време во премиерската палата во Атина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…