Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс.
На средбата беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.
Министерот Тошковски и Н.Е. Варнс го потенцираа значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави му ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката…
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…
Уапсен уште еден тинејџер кој планирал напад…
Уапсен е уште еден млад човек (18)…
Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода…
Денеска (09.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската…
Костадиновска Стојчевска: Министерката за образование си игра…
Изјавата на министерката за образование и наука…
Обвинителството се огласи: Детали за обидот за…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…