Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс

t

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс.

На средбата беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.

Министерот Тошковски и Н.Е. Варнс го потенцираа значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави му ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот…

Продолжува отчетот пред граѓаните. По средбите и…

„Безбеден град“ ќе препознава и возење без…

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски…

Сопружници се скарале околу ќерката, па се…

На 03.10.2026 во 16:25 часот во СВР…

Клековски со шокантни бројќи : Околу 1.000…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

УНДП предупредува на „домино-ефект“: Енергијата, долгот и…

Земјите во развој се соочуваат со истовремен…