Средба Османи- Дендиас:“Односите меѓу Македонија и Грција, пример за добри соседи”

t

Во рамки на неговата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас.

На средбата, министрите изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во бројни сфери и проекти од заемен интерес, како и перспективата на нивното натамошно унапредување, на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Се разговараше за договорот од Преспа и неговото позитивно влијание врз севкупните односи и соработка меѓу двете држави.

“Навистина сум задоволен што односите меѓу Македонија и Грција се вистински пример за добри соседи и пример како да се изгради стабилно и долгорочно пријателство засновано на меѓусебна доверба и почит. Имаме договор за стратешко партнерство, чие доследно спроведување претставува основа за понатамошна соработка и дополнително зајакнување на нашите блиски односи” истакна Османи, додавајќи дека растот на трговската размена меѓу двете држави за 100%, е најдобар показател за новото поглавје на билатералните односи, што го овозможи потпишувањето на договорот.

Османи упати благодарност за поддршката на Грција во евроинтегративниот процес на Македонија, која оваа година ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Се разговараше за соработката во рамките на НАТО и регионалните иницијативи, а во пресрет на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската повелба, Процесот за соработка во Југо-источна Европа и ОБСЕ, во текот на 2023 година. Фокусот во овој дел беше токму врз соработката за време на нашето претседавање со ОБСЕ, а во насока на обезбедување на траен мир, стабилност и просперитет во регионот и пошироко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…