Објавено на:

Среде војна: Тројца премиери од ЕУ одат во Украина, меѓу нив и Јанша

t

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки и вицепремиерот Јарослав Качински, чешкиот премиер Петр Фиала и словенечкиот премиер Јанез Јанша пристигнаа во Украина и се упатуваат за Киев, соопштија во вторникот од кабинетот на полскиот премиер.

„Пред околу еден час возот на премиерот, вицепремиерот за безбедност Јарослав Качински и премиерите на Чешката Република и Словенија ја преминаа полско-украинската граница“, објави канцеларијата на Твитер.

Лидерите треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал во Киев. Целта на состанокот е да се изрази недвосмислената поддршка на Европската унија за суверенитетот и независноста на Украина и да се разговара за широк пакет мерки за поддршка.

Според портпаролот на полската влада Пјотр Милер, средбата била договорена по консултации со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се испрати „силен сигнал за мир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АКО ПОБЕДИ РУСИЈА, ВЕНЕЦУЕЛА ОДИ ВО НАПАД…

Со овие зборови започнува текстот на авторот…

Вучиќ: Стравувам дека ситуацијата околу Косово ќе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) ТУРЦИЈА НА НОЗЕ ПО ОДЛУКАТА НА…

Халил Умут Мелер бепе жртва на брутален…

(Видео) Ноќеска потона трет сплав во Србија,…

Сплавот „Боем“ на кејот на Дунав во…