Среќни животни и посетители: Акција за генерално чистење на водните живеалишта на животните во скопската Зоолошка

t

Вработените во Зоолошката градина во Скопје спроведоа акција за генерално чистење на водните живеалишта на животните.

Зоолошката градина е едно од омилените катчиња на најмладите, но и на повозрасните. Скопската зоолошка стана позната и во европските и светските медиуми најпрво поради “бејби-бумот” кој се случува во изминатите неколку недели, а потоа и поради самите новороденчиња.

Тие предизвикаа рекордна посетеност на зоолошката за овој период од годината.

“Вратите на Зоо градината во Скопје во зимската сезона се отворени секој ден од 08.30 до 16 часот, а цената на билетот е непроменета и изнесува 80 денари. Посетителите може да видат дел и од новите животни, да видат како е организиран зимскиот период за нив и едноставно да уживаат во прекрасно уредената градина, која е вистински одмор и за очите и за душата. Родителите среќни, децата уште посреќни“, велат од установата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…