Српската Влада покрена дисциплинка постапка против преведувач што напишал “Република Косово”
Владата на Србија соопшти дека покренала дисциплинска постапка против својот преведувач, кој „направил голема грешка“ при преведувањето на текстот на англиски јазик, па на нејзината веб-страница извесно време стоела формулацијата „Република Косово“.
Премиерката Ана Брнабиќ во понеделникот рече дека грешката е брзо отстранета од веб-страницата на Владата во англискиот превод на извештајот од неодамнешната седница на српскиот парламент за Косово, дека е направена од искусен преведувач на англиски јазик и дека е голем дисциплински прекршок.
„Не можев да спијам синоќа, не знам што правам, да се убијам поради тоа – не можам. Но, жалам што тоа се користи од политичката опозиција за освојување политички поени“, изјави Брнабиќ за РТС.
Владата соопшти дека денеска донела други одлуки, а го усвоила и Предлог-законот за безбедност и здравје при работа со кој се воведуваат нови заводи во режимот на заштита на вработените.
„Овој закон ќе се применува и во приватниот и во јавниот сектор и во сите дејности, а посебен акцент е ставен на спроведување на постапката за проценка на ризик, следење на здравствената состојба на вработените и консултации, информирање и соработка со вработените, “, соопшти Владата.
Во соопштението се наведува и дека одлуката на Владата довела до промена на раководителот на Канцеларијата за соработка со медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…