Српската влада формира преговарачки тимови за снабдување со гас од Русија
Владата на Србија на денешната седница формираше тимови за преговори со Русија за склучување долгорочен договор за снабдување со гас, како и за решавање на прашањата поврзани со Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, информираше дека е формирано и Координативно тело предводено од премиерот Милош Вучевиќ, кое ќе ја координира работата на двата тима.
Ќе се обидеме да обезбедиме нов долгорочен договор за снабдување со гас под најповолни услови – изјави министерката.
Таа додаде дека министрите ќе бидат дел од тимовите и нагласи дека Владата ќе преземе мерки за да ги минимизира негативните ефекти врз српската економија од најавените санкции на САД за НИС.
Овие одлуки следуваат по вчерашната седница на Владата, на која претседателот Александар Вучиќ посочи на потребата од решавање на енергетските предизвици, вклучително и влијанието на санкциите врз НИС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…