Објавено на:

Српската претставничка на Евровизија: Горда сум што имам македонски корени

t

Годинешниот евровизиски фаворит на Србија е Теодора Павловска, позната под уметничкото име Теја Дора (32) , која вечерва во финалето ќе настапи со темата „ Рамонда“. Во конкуренција со изведувачи од 26 земји, кои ќе се претстават на сцената во Малме, Шведска, ќе се обиде да атакува на врвот и да и ја донесе втората победа на Србија на изборот. Теја Дора има македонски корени. 

– Татко ми беше Македонец и многу сум горда на тоа. Затоа за Македонија сум посебно емотивно врзана. Верувам дека мојата песна и се допадна на македонската публика – ни изјави пејачката за Женски магазин пред големото финале.

Дел од тимот на српската делегација е и Милица Фајгељ, музички менаџер и креативен продуцент на настапот. Таа е организациски и креативен продуцент на настапот на Теја Дора.

-Теја е и ваша претставничка и верувам дека сите добри луѓе од Македонија кои живеат во Европа ќе гласаат вечерва за неа. Таа ќе пее под реден број 16. Реакциите на публиката се прекрасни. „Рамонда“ е емотивна песна, мирна, магична, со поинаков аранжман, песна со многу душа. Те приземјува. Уште на српскиот избор сакавме и настапот да биде мистичен, за на крај повторно да оживее цветот Рамонда , кој кога ќе свене доволно е само капка вода да оживее. Истиот концепт го пренесовме и сега на големата бина во Малме, само што се изгледа продукциски пограндиозно.

Направивме поголема карпа и променивме неколку визуелни ефекти и направивме нов костум. Нашата дизајнерка Санда Симона преку него сакаше да внесе елементи на српската витешка традиција и магичниот свет на шумските вили и во тоа многу успеа – открива Фајгељ, на која ова и е 11 Евровизија, со претходна пауза од шест години

-Многу нешта на изборот се сменети зад сцената. Имам чувство дека порано имавме повеќе простор за дружење со другите делегации и луѓето кои ја работат и ја следат Евровизија. Или можеби тогаш бев млада и полетна , а сега сум созреана и други нешта ми се во фокусот. Сепак, многу е убаво да се биде дел од овој настан и да ги видиш повторно луѓето кои ги познавам 15 години. Имаше неколку протести од различен вид, ги има и денеска пред финалето. Но, сакам да ја пофалам шведската државна безбедност. Навистина прават се за да се чувствуваме сигурно. Имаме многу безбедносни протоколи и речисиси сите полициски единици од Шведска се во Малме. Пласманот во финалето ни беше многу важен, бидејќи се подготвуваме неколку месесци. Евровизјата пред малите екрани е забавна, но зад сцената се вложува многу труд. Драго ми е што Теја Дора ме повика да и бидам организациски и креативен продуцент на настапот – открива Фајгељ за нашиот магазин.

ИЗВОР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…