Српска невладина бара Србија да воведе санкции за групата Вагнер
Невладината организација Форум за безбедност и демократија (ФБД) оцени дека е неопходно надлежните институции во Србија да ги санкционираат активностите на руската приватна паравоена организација Група Вагнер.
Со заклучоците на Советот за национална безбедност, како и со гласање во Генералното собрание на ОН, Србија недвосмислено го поддржа територијалниот интегритет на Украина и ја осуди руската агресија врз меѓународно признаена држава, се нагласува во соопштението и се додава дека е неразбирливо и неодбранливо (не)постапувањето на Србија против терористичка организација која заедно со своите медиумски ограноци ги поттикнува граѓаните на Србија на кршење на законите на Србија за кршење на српското право, меѓународното право и обичаите на војување.
ФБД смета дека Србија треба да и забрани на групата Вагнер да дејствува на територијата на земјата, да им ги одземе лиценците на медиумите кои ја промовираат и да покрене кривична постапка против сите поединци кои помогнале во функционирањето на таа група во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…