Српскиот министер за одбрана: На Србија ѝ следуваат тешки денови какви што немало последните 20 години!

t

На Србија ѝ претстојат тешки денови какви што не сме имале во изминативе 20 години, денови на борба за опстанок, зачувување и иднина на Косово, мир, стабилност и економија, за народот да не гладува, ниту да смрзнува, ниту нешто недостасува, истакна министерот.Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ, пренесува N1.


Стефановиќ, кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на училиштето за национална одбрана „Војвода Радомир Путник“, истакна дека се случуваат тектонски промени на светско, глобално ниво, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

„Предизвици, ризици и закани, кои варираат од класични воени конфликти во кои се применуваат и хибридни и традиционални методи на војување, во кои важноста на модерната техника и технологија е сè повидлива, до тешко управувани енергетски, економски и сите други кризите, во денешното меѓусебно зависно во светот, се побројни и се покомплицирани за надминување“, изјави Стефановиќ, пренесува Фонет.

Министерот за одбрана истакна дека деновите што следат повлекуваат одбрана на се што е постигнато и бараат мудрост, храброст и огромна енергија за Србија да се справи со сите кризи и предизвици.

Стефановиќ рече дека е задоволен што во сложени времиња Србија има силна, модерно опремена, вооружена и пред се добро обучена армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…