Српските пензионери ќе добијат 55% зголемување на пензиите

Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, нивните српски колеги ќе добијат зголемени пензии за повеќе од 55% и посебни пензионерски картички со попусти во продавници.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ова го најави во денешното обраќање до јавноста.
Тој најави дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, повеќе од 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.
Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници – рече Вучиќ.
Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…
Блокада на студентите и група граѓани денеска…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…