Објавено на:

Српските студенти: Нашата листа е 99% готова, без претставници од опозицијата и власта

t

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори кои студентите во блокада во Србија ги бараат од мај, е 99 отсто комплетна. Можни само уште некои измени во зависност од договорот. Тоа денеска за Н1 телевизија го изјави Алекса Симиќ, студент на Факултетот за политички науки.

имиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција.

„На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот.

Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“.

„Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе кои немаат екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики“, рече Симиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските студенти: Нашата листа е 99% готова,…

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори…

Гренел: Идејата за меѓусебно признавање меѓу Србија…

Американскиот претседателски пратеник за специјални мисии, Ричард…

Гренел: Идејата за меѓусебно признавање на Србија…

Американскиот претседателски пратеник за специјални мисии, Ричард…

Вучевиќ: Србите мора да ги зачуваат Србија…

Србите мора да ја зачуваат Србија и…

Во српските рудници сè повеќе жени –…

Рударството во Србија продолжува да се базира…