Објавено на:

Српските студенти: Нашата листа е 99% готова, без претставници од опозицијата и власта

t

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори кои студентите во блокада во Србија ги бараат од мај, е 99 отсто комплетна. Можни само уште некои измени во зависност од договорот. Тоа денеска за Н1 телевизија го изјави Алекса Симиќ, студент на Факултетот за политички науки.

имиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција.

„На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот.

Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“.

„Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе кои немаат екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики“, рече Симиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…