Српските студенти повикаа на генерален штрајк во петок: „Не одиме на работа, на предавања, не си ги извршуваме секојдневните обврски!“

t

Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на тотален прекин на сите активности во петок на 24 јануари, наведувајќи дека терминот „генерален штрајк“ се однесува на општа граѓанска непослушност.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Да ја земеме слободата во свои раце! Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на социјалната мрежа Инстаграм.

Тие ги повикаа вработените да учествуваат со тоа што нема да одат на работа во петок или со организирање прекин на работа со своите колеги.

Ако се плашите од вашиот работодавец, земете слободен ден, земете боледување, дарувајте крв“, се вели во објавата на студентите.

Студентите ги советуваат работодавците да им дадат слободен ден на вработените, да ги откажуваат закажаните состаноци и да ги информираат клиентите за причините за неработење.

Во соопштението се наведува и дека секој може да придонесе за генералниот штрајк со тоа што не оди во кафулиња и ресторани, во спортски сали, продавници, маркети, трговски центри, кина и театри, како и со одење на забави и концерти иако е петок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…