Српски државјанин криумчарел мигранти од Египет и Палестина, фатен во Македонија
Лишен од слобода српски државјанин – криумчар на мигранти, во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно лице од Палестина
На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српски државјанин криумчарел мигранти од Египет и…
Лишен од слобода српски државјанин - криумчар…
Средната возраст на населението во Македонија е…
Средната возраст на населението во земјава е…
Македонскиот „Караман“ на чекор до светска афирмација
Генералниот комитет на светска федерација на кинолошки…
Шпанија планира да им додели легален статус…
Европската комисија има силни резерви во врска…
Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, лишен…
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот…