Српски државјанин криумчарел мигранти од Египет и Палестина, фатен во Македонија
Лишен од слобода српски државјанин – криумчар на мигранти, во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно лице од Палестина
На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…