Српски медиуми: Во станот во кој загина 21-годишниот Македонец во Белград имало 1,5 кг експлозив

t

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград, имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми.

Неговиот идентитет бил утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анализа на ДНК.

Според белградските медиуми, неофицијално станува збор за млад човек со дебело криминално досие.
Мартин Сипковски претходно им бил познат на органите на прогонот во Северна Македонија, а минатата година во македонските медиуми беше споменат како млад човек кој го заменил ракометот со манекенство, објави српски „Блиц“.

За него се пишуваше како прв Македонец кој потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Како што медиумите пишуваа во тоа време, тој го напуштил ракометот, односно клубот „Вардар“, поради повреда на вратот.

Мартин Сипковски загинал поради непрофесионалното ракување со експлозивниот „пентрит“, кој наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград, а Филип В. (26) е уапсен под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кому му го дал на чување.

Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се наоѓал Мартин, како и два други стана стана. Полицијата го уапсила Филип В. (26) кој продавал „пентрит“, но не сакал да каже како го добил или за кого бил наменет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски медиуми: Во станот во кој загина…

Македонецот Мартин Сипковски (21) кој загина од…

Српската полиција враќа пензионери на работа, младите…

Министерството за внатрешни работи на Србија ги…

По три години затвор за тројцата скопјани…

Тројцата скопјани кои беа обвинети дека создале…

Доктор Зекирија Шаини пуштен на домашно лекување…

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше повреден…

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се…

Повикот до пензионирани припадници на Министерството за…