Доктор Зекирија Шаини пуштен на домашно лекување по вчерашниот оружен инцидент во Куманово
Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше повреден во оружен напад во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.
Директорката на клиниката, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, потврди дека пациентот е во добра општа состојба и дека по санирањето на раните е пуштен дома. „Пациентот се чувствува добро. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави таа.
Министерството за здравство, преку соопштение, порача дека повредите не биле животно-загрозувачки и дека докторот се опоравува. „Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет“, истакнаа од ресорното министерство.
Министерството за здравство нагласи дека ќе продолжи со соработка со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово со цел целосно расчистување на случајот и зајакнување на безбедноста на здравствените работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пензионерска“ тепачка во Куманово – едниот во…
Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…