ССМ: Платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило е исплатена, протестите продолжуваат до исплаќање на платите во Флораком и Луна

t

Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов ПРОТЕСТ денеска на 1 октомври 2025 година кој започна во 10 до 12 часот на бул. Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев.

Вработените кои излегоа на протестот покажаа дека работничката борба за работничката плата дава резултати.

„По завршување на протестот, информирани сме дека платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена и доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре 02.10.2025 година кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на бул. Илинден(кај Матично).

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повикува вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест од солидарност ( согласно Законот за јавни претпријатија) да ги подржат колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.“ – пишува во фејсбук објавта на Сојузот на синдикати на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Платата на вработените во ЈП Паркови…

Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје…

Сијарто: Двојни стандарди во ЕУ кон Србија,…

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…

Филипче: Граѓаните избираат меѓу две опции, СДСМ…

На новинарско прашање за тоа како ја…

Шукова: Хуман третман за бездомните кучиња, зголемени…

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката…