Шукова: Хуман третман за бездомните кучиња, зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација
При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни.
„Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова.
Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот.
„И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во корен“, додаде таа.
Шукова најави зголемени активности за чипирање, стерилизација и вакцинација на уличните животни, во соработка со ветеринарни станици и граѓански здруженија.
„Мораме на хуман начин да го решиме проблемот. Секако, и институциите и граѓаните треба да бидат дел од решението“, потенцираше Шукова.
Во својата програма таа предвидува и изградба на крематориум за домашни миленичиња, како сервис што, според неа, недостасува во градот.
„Покрај тоа што мораме да се грижиме за уличните животни, мора да понудиме и достоинствен начин на збогување со нашите домашни миленици. И тоа е дел од хуманиот пристап кон животните“, изјави Шукова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме во Кочани, градот без електрична…
Невреме проследено со силен ветер и дожд…
„Фолкландските острови се и ќе останат британски“:…
Британската влада денеска соопшти дека Фолкландските Острови…
Израелската армија уби комдандант на Хамас кој…
Командант на Хамас, кој планирал напади, е…
Вечерва во Сурчин убиен 45-годишен маж, познат…
Во Сурчин e брутално убиен човек кој…
Песков: Не гледам причина да се надевам…
Нема видливи основи за подобрување на односите…