Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“
Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.
-Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиемна фаза .пламените јазициу беа илезени надвор од кровната конструклција и од габаритите на самиот објект, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.
Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на лице место се 20 пожарникарио кои интервенираат.
-Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.
Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.
Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ставен под контрола пожарот во близина на…
Под контрола е пожарот кој избувна вечерва…
Филипче и СДСМ со поддршка и солидарност…
Поранешниот градоначалник на Струмица и портпарол на…
Вучиќ: Избори или во мај или во…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Гори стара куќа до црквата „Свети Спас“…
Гори стара куќа во близина на црквата…
Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга…
Премиерот Христијан Мицкоски му испратил порака на…